Украина нема да учествува во преговорите за завршување на војната

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Украина нема да учествува во преговорите за ставање крај на војната во таа земја што се одржуваат оваа недела во Саудиска Арабија меѓу САД и Русија.

„Нема да учествуваме затоа што не знаевме ништо за тоа. Сметаме дека сите преговори за Украина без Украина се преговори без резултати и не можеме да признаеме какви било договори што се однесуваат на нас во кои не учествувавме“, рече Зеленски, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека и покрај тоа, во среда ќе ја посети Саудиска Арабија како дел од официјалната посета.

Зеленски рече дека сака пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, да ја посети линијата на фронтот во Украина и да разговара со украинските војници.

„Ќе можеме појасно да зборуваме за датумот на посетата на Трамп на Украина по посетата на Келог на Украина“, додаде украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: Лондон и Париз нема да испратат војници во Украина без поддршка од Трамп

Зеленски го отфрли тврдењето на Трамп дека Украина е пречка за мирот

Москва застана зад Трамп: Зеленски ја блокира можноста за договор

Захарова: Западот не сака мир во Украина

Зеленски се обиде да назначи екс премиер за министер за енергетика – парламентот не одобри

А1он

Кличко: Киев остана без одбрана, немаме ресурси да ги запреме руските напади