Украина негира дека руските сили ја презеле контролата врз градот Соледар: Ситуацијата е комплицирана

Од:

Украинската армија негираше дека руските сили ја презеле контролата врз источниот град Соледар.

Тие наведуваат дека интензитетот на борбите во областа може да се спореди со конфликтите за време на Втората светска војна.

Портпаролот на Источната воена команда, Сергиј Черевати, за украинската телевизија изјави дека битката за Соледар е важна и дека украинските сили не дозволиле руските сили да ги пробијат линиите на фронтот, пренесува Ројтерс.

„Градот не е под контрола на Руската Федерација. Се водат жестоки борби. Ситуацијата таму е комплицирана“, рече тој.

Како што додаде, украинската воена команда работи на тоа како да ја стабилизира ситуацијата за да има „максимално влијание врз непријателот, а минимални загуби за Украина“.

Ројтерс забележува дека тој не можел самостојно да ја процени ситуацијата на теренот.

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија