Украина: Нападот на Херсон започна, Русите ја гранатираат цивилната инфраструктура

Од:

Руска армија изврши ракетен напад врз Херсон, изјави првиот заменик-шеф на регионалниот совет на Херсон, Јуриј Соболевски, а пренесува порталот Новаја Газета. „Имаме ракетни напади во Херсон, тие повторно се насочени кон цивилна инфраструктура. Има повредени цивили, им се укажува лекарска помош“, рече тој.

Локалните медиуми исто така известуваат за нападите, повикувајќи се на новинари и жители. Украинските власти претходно најавија факултативна евакуација на жителите во Херсон. „Засега не станува збор за задолжителна евакуација. Но, доброволната евакуација значи и дека државата ја презема одговорноста за транспортот, бидејќи луѓето треба да се однесат на местото каде што ќе престојуваат за зимата“, рече Ирина Верешчук, вицепремиер на Украина.

На 11 ноември, украинската армија ја врати контролата над градот Херсон. Руската војска извести дека го напуштила градот, по наредба на министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Во Херсон тогаш почнаа да работат околу 200 полицајци, поставувајќи безбедносни контролни пунктови низ градот и евидентирајќи ги злосторствата на руските окупациски „власти“.

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија