Украина: Нападнавме руска воздухопловна база на Крим, штетата е сериозна

Од:

Извор од украинската разузнавачка служба за Ројтерс изјави дека украинската безбедносна служба и морнарицата во текот на ноќта ја нападнале руската воздухопловна база Саки на Крим и предизвикале „сериозна штета“. Претходно, да потсетиме, руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило 19 дронови над Крим и Црното Море.

Украинската јавна телевизија Суспилне објави повеќе детали. На аеродромот во тој момент имало најмалку 12 борбени авиони Су-24 и Су-30, како и системи за противвоздушна одбрана од типот Панцир. На аеродромот имало и база за обука за оператори со дронови.

Токму таквите беспилотни летала ги користат Русите за да ги координираат сопствените воздушни напади, но и за самите т.н. камикази беспилотни летала. Суспилне наведува дека за нападот биле користени беспилотни летала кои прво го преоптовариле рускиот систем за воздушна одбрана, а потоа биле лансирани ракети од типот Нептун.

Овие тврдења не се независно потврдени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната