Украина: Меѓу демократијата, притисоците и стравот

Од:

Навидум мирно, но всушност, неизвесно и тензичнопред парламаентарните избори во Украина. Владеачката, Партија на регионите, на претседателот на Украина, Виктор Јануковиќ, ги презема сите чекори за да се избегнат инциденти, но и да не се чуе гласот на опозицијата. По еден нцидент, ги забранија собирите, освен за владеачката и за „Удар“, на позната боксерска ѕвезда Виталиј Кличко.

Јануковиќ ќе направи се за да ја задржи власта и преку контрола на медиумите. Голема гужва и реакции имаше кога се обидоа да извршат притисок врз можеби единствената опозициска телевизија ТВ А, со испракање на секојдневни контроли и скриени налози до операторите да не ја превземаат.

Велат работата е завршена со прекројувањето на регионите, без никаква географска логика, според потребите на кандидатите на власта, со злоупотребата на држаните институции за партиски цели, со недозволена кампања започната уште од почетокот на годината. Но опозицијата најмногу реагираше, но залудно на жрепката на Комисиите, каде влегоа и таканаречени „фантом“ партии, или незначителни, формирани наменски за изборите за да одработат агенда на власта.

Битката во недела ќе биде неизвесна. Последната анкета покажува дека владеачката Партија на регионите има поддршка од 23 проценти од гласачкото тело, „Удар“ на Кличко, 16 проценти, Здружената опозиција на Тимошенко 15, Комунистичката партија 10, Напред Украина на фудбалерот Шевченко и Королевски околу 7 проценти.

За партијата на Шевченко се претпоставува дека всушност работи за владеачката партија.

Граѓаните се незадоволни од тешката економска ситуација. Украинците живеат со просечна плата од околу 200 евра, енормно зголемени цени, а стравот и разочараноста се и поради Тимошенко.

Анкетата на меѓународниот фактор, покажа дека 73 проценти од Украинците сметаат дека Украина се движи во погрешна насока.

Изборите ќе бидат мониторирани од тимови меѓународни набљудувачи. Граѓанската асоцијација „МОСТ“ е генерален секретаријат на европската набљудувачка миисија ЕНЕМО, и ја координира комплетната операција.

 

А1он

 

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Украина: Русите во Саудиска Арабија одбија да преговараат за запирање на нападите врз цивили

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид