Украина ја прекина испораката на руска нафта во ЕУ

Од:

Украина од 4 август го стопирала транзитот руска нафта за јужна Европа од причина што поради западните санкции не и се префрлени средствата што Москва ги уплатила како надомест за транзит, соопшти денеска руската енергетска компанија „Транснефт“.

Од компанијата е појаснето дека на 22 јули на украинскиот оператор со нафтоводот „Уктранснафта“ му бил уплатен транзитот за август, но оти на 28 парите биле вратени бидејќи трансакцијата не била спроведена. „Гаспромбанк“ што го извршила плаќањето соопшти дека средствата од уплатата биле вратени поради санкциите на ЕУ.

Русија преку нафтоводот „Дружба“ испорачува околу 250 илјади барели нафта дневно за Унгарија, Словачка и Чешка.

Русија веќе ги намали испораките гас за многу членки на ЕУ, правдајќи го тоа со проблемите настанати во одржувањето на пумпите на гасоводот „Северен ток 1“, како и поради санкциите воведени против некои од коминетентите што Москва ги смета непријателски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск