Украина го исклучи снабдувањето со електрична енергија за цел Крим, соопшти денеска за ТАСС министерот за енергија на новата руска република Сергеј Егоров.
– Пред еден час Украина еднострано го исклучи снабдувањето со електрична енергија на Република Крим и градот Севастопољ, изјави Егоров.
Од пролетта Крим и Севастопољ се субјекти на Руската федерација, а Киев ги смета како окупирани територии.
Според Егоров Крим презема мерки за зголемување на сопственото производство на електрична енергија со цел да обезбеди електрична енергија за половината од полуостровот и да не дојде до прекин на мобилните врски.
– Преговараме со Украина за обновување на снабдувањето со електрична енергија за републиката, изјави тој.