Украинското Министерство за надворешни работи изрази „длабока загриженост“ од планираните вежби на руските военовоздухопловни сили во реонот на Липецк, Воронеж и Рјазан.
Во документот се упатува повик кон Русија „неодложно да ги повлече од украинската граница единиците на руските вооружени сили и да ги исполни ангажманите од договорот во Женева“.
Прес-службата на рускиот Западен воен округ, вчера соопшти дека на полигонот „Погоново“ во Воронешката област од 20 до 26 мај ќе се одржат вежби „Авиадартс-2014“, со учество на авиони и хеликоптери од бази, распоредени на територијата на осум региони на Руската Федерација.