Украина: Изјавата дека сме одговорни за големиот пожар на Крим е лажна

Од:

Изјавата во која се тврди дека Украина е одговорна за големиот пожар во окупираниот Крим е лажна, изјавила украинската воена разузнавачка служба за Киев пост.

Главната руска воена база и складиште за муниција на окупираниот полуостров моментално се во пламен, а илјадници луѓе се евакуирани, соопштија властите назначени од Кремљ.

Почнувајќи од 04:00 часот, руските медиуми и други објавија видеа од огромни пламени јазици, густ чад и серија силни детонации.

Пожар беснее на воени полигони за обука, аеродром и складиште за муниција – познато како „дострел“ – во близина на историскиот град Стари Крим во областа Киров во централен Крим.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина