Украина издаде потерници по Захарова и по Медведев

Од:

Украинската безбедносна служба издаде потерница за портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова и заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев, се наведува во денешната ажурирана база на податоци на украинското Министерство за внатрешни работи.

Фотографија од Захарова се појави на веб-страницата за лица по кои трага украинското Министерство за внатрешни работи, пренесе ТАСС.

Во придружната белешка се наведува дека таа се товари според член 110, дел 3 од Кривичниот законик на Украина (повреда на територијалниот интегритет и неповредливост на Украина од страна на лице кое ги застапува властите и предизвикува сериозни последици).

Украинското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека СБУ издала потерница по заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, кого Киев го обвини за задирање во територијалниот интегритет на Украина.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ