Украина и Русија си разменија заробени војници

Од:

Украина и предаде на Русија група заробени руски падобранци, а Русија на Украина и врати група од 63 украински војници, кои минатата недела навлегоа на руска територија, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на руски медиуми.

Командантот на руските падобранци, генерал-мајорот Алексеј Рагозин, изјави дека Киев и ги предал на Москва заробените војници по многу тешки преговори.

Украина минатата недела соопшти дека заробила 10 руски падобранци и на медиумите им ги претстави како доказ дека руски војници се борат на страната на проруските сепаратисти во источна Украина.

Русија соопшти дека падобранците по грешка навлегле на територијата на Украина.

Истовремено, украинските војници, кои денеска му беа вратени на официјален Киев, на 27 август ја минаа украинско-руската граница. Тие биле сместени во привремен камп на територијата на руската Ростовска област, каде им била укажана неопходната помош, посочува ИТАР-ТАСС.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци