Украина го забрани користењето на руски вакцини против Ковид-19

Од:

Врховната Рада, украинскиот парламент, го одобри предлог-законот што има за цел да го забрза одобрувањето на вакцините против Ковид-19, и кој исто така го забранува користењето на вакцините произведени во Русија.

Владата во Киев соопшти дека очекува во февруари да добие меѓу 100.000 и 200.000 дози од вакцината на Фајзер, преку глобалната програма Ковакс. Во Украина се уште нема одобрена вакцина, но властите постојано изјавуваа дека Киев нема да одобри или користи вакцини од Русија, со која односите на Украина со години се крајно затегнати.

– Веднаш можам да кажам: можеби сте хистерични многу долго, но никој нема да ја регистрира руската вакцина во земјава, изјави украинскиот министер за здравство Максим Степанов за време на телевизиска прес-конференција.

Украинската фармацевтска компанија Биолик, поддржана од Виктор Медведчук, опозиционер русофил, на почетокот на овој месец соопшти дека поднела барање за одобрување од страна на државата на руската вакцина Спутник V.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина