Украина го извести Кипар за заплена на руски имот од 393 милиони евра

Од:

Украинските власти го информираа Кипар за заплена на акции и хартии од вредност во вредност од 393 милиони евра поврзани со таа островска држава, кои припаѓаат на руски милијардер и други бизнисмени, соопштија денеска кипарските власти.

Во соопштението се наведува дека Украина го покренала прашањето до „релевантните органи на Република Кипар“ и оти не може да се дадат информации дали компаниите регистрирани на Кипар биле користени за заштита на имотот од санкциите воведени на почетокот на инвазијата.

Украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова го идентификуваше санкционираниот руски бизнисмен како милијардерот Михаил Фридман од Алфа банка.

Канцеларијата на Венедиктова претходно соопшти дека неименуван руски олигарх и бизнисмен, присутен во украинскиот банкарски сектор, се обидел да го заштити своето богатство од санкции упатувајќи го на Кипар.

– Кипар е целосно посветен на ефективната примена на санкциите на ОН и рестриктивните мерки на Европската унија, а секое прекршување е казниво со закон. Фридман нема кипарски пасош, се вели во соопштението.

Кипар, исто така, ќе им го одземе државјанството на осум Руси и членови на нивните семејства кои се наоѓаат на списокот со санкции на ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски