Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Од:

Украина доби 1,9 милијарди евра безусловна финансиска помош од ЕУ, што придонесува за одржување на макроекономската стабилност и финансирање на приоритетните буџетски потреби, соопшти украинското Министерство за финансии.

„Државниот буџет на Украина доби транша од безусловно финансирање во износ од 1,9 милијарди евра од Европската Унија. Средствата беа обезбедени од финансиски инструменти на ЕУ од фондот за Украина“, се наведува во извештајот.

Беше најавено и дека Украина ќе ги добива следните транши на квартална основа, под услов да се исполнат индикаторите дефинирани во планот за Украина.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина