Украина: Чернобил остана без струја, радиоактивни честички може да завршат во воздухот

Од:

Руските сили ја исклучија нуклеарната централа Чернобил од националната електрична мрежа, соопшти украинската државна енергетска компанија Укренерго.

Нуклеарната централа Чернобил, која минатата недела беше заземена од руските сили, сега е без струја.

„Поради воените активности на руските окупатори, нуклеарната централа Чернобил е целосно исклучена од електричната мрежа. Нуклеарната централа е без струја. Воени акции се во тек и нема можност за обновување на снабдувањето со електрична енергија. Без струја остана и градот Славутич“, се вели во соопштението на Укренергo.

„Радиоактивни честички би можеле да завршат во воздухот“

Бидејќи Чернобил остана без струја, ова може да го спречи ладењето на потрошеното нуклеарно гориво и затоа постои ризик радиоактивните честички да завршат во воздухот, објави Укренерго.

Украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко денеска изјави дека украинските власти не ги знаат нивоата на радијација околу нуклеарната централа Чернобил бидејќи немаат информации што се случува таму откако нуклеарната централа беше окупирана од руските сили.

Да потсетиме, нуклеарната централа во Чернобил беше сцена на најголемата цивилна нуклеарна катастрофа во 1986 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск