Украдени личните податоци на 1,3 милиони клиенти на францускиот телефонски оператор „Оранж“

Од:

Францускиот телефонски оператор „Оранж“ соопшти дека бил жртва на „информатички грабеж“ на лични податоци на 1,3 милиони клиенти, јави дописникот на МИА од Париз.

Кражбата се случи само три месеци пред претходната кражба (2 февруари), кога биле украдени податоците на 800.000 клиенти.

Според информацијата објавена на веб страницата на „Оранж“, кражбата на податоци се случила на 18 април, но таа беше обелоденета само вчера вечер. Хакерите кои успеале да навлезат во серверите на „Оранж“, украле имиња и презимиња на клиентите, нивните мобилни и фиксни телефонски броеви, како и датумот на раѓање.

Вака украдените податоци можат да бидат користени за техниката на „фишинг“, односно контактирање на лицата преку електронска пошта, смс или телефон, со цел да ги добијат другите доверливи податоци како лозинките или кодовите на нивните банкарски картички, со пошта која многу наликува на банките на клиентите или други официјални органи.

Жртвите излажани од наводниот идентитет на испраќачот на пораката, самите ги оддаваат своите лични податоци. Податоците украдени од „Оранж“ со сите информации кои ги содржат, можат да послужат за препродавање за комерцијални и рекламни цели. На сите лица на кои им беа украедни податоците, „Оранж“ им испрати електронска пошта, на која ако кликнат телефонскиот оператор им се јавува за 48 часа и одговара на прашањата. Долгиот период од откривањето на кражбата 18 април и запознавањето на клиентите се должи на потребата да се утврди количината на украдените податоци, како и да се „обезбеди на технички план мрежата“ од други обиди за кражба. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм