Вонредната состојба објавена во Мали на 12 јануари е укината денеска во пресрет на почетокот на кампањата за првиот круг од претседателските избори на 28 јули, соопшти Министерството за безбедност.
За време на вонредната состојба беа забранети јавни собири, митинзи и улични демонстрации.
Вонредната состојба беше воведена на 12 јануари, два дена по офанзивата на југ од вооружените силамистички групи кои девет месеци го контролираа северниот дел од државата.