Укината специјалната единица во Мемфис чии членови до смрт претепаа афроамериканец

Од:

Полициската управа во Мемфис ја распушти таканаречената специјална единица „Скорпион“, чии полицајци беа обвинети за убиството на Тајр Николс.

„Скорпион“ е единица чија задача била да ги надгледува улиците со цел да се врати мирот и безбедноста во соседството. Единицата ја сочинувале 50 полицајци, но откако петмина од нив до смрт претепаа 29-годишник, таа ќе биде распуштена.

Семејството на Николс ја поздрави одлуката. Преку адвокатот рекоа дека одлуката е соодветна за трагичната смрт на Тајр Николс и пристојна и праведна за сите граѓани на Мемфис.

Петте полицајци, Тадариус Бин, Деметриус Хејли, Дезмонд Милс Јуниор, Емит Мартин Трети и Џастин Смит, беа отпуштени минатата недела. Тие беа приведени во четвртокот и секој од нив се соочува со обвиненија за убиство од втор степен, тежок напад.

Вчера беа објавени видеоснимки на кои се гледа како петмина полицајци крвнички го претепуваат 29-годишниот афроамериканец Тајр Николс, кој подоцна им подлегна на повредите. На една од снимките се забележува како Николс лежи на стомак, а полицајците прскаат со спреј во неговото лице. Друга снимка покажува како го шутираат додека тој во плач ја повикува својата мајка.

Во повеќе американски градови, вчера, се одржаа протести по јавното објавување на видео снимките на кои се гледа како петте полицајци го тепаат Тајр Николс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во училиште во Нешвил, има мртви

Катерина Павлова-Николовска

За време на полетувањето од Лос Анџелес до Сиетл, ја отворил вратата на авионот и скокнал надвор

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест девојчиња загинаа во несреќа во Америка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Грабнал девојче кое го намамил преку социјалните мрежи, а потоа го силувал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика за чоколади во САД, петмина загинаа, шест лица се исчезнати

(ВИДЕО) Најмалку 21 загинати во торнадо кое опустоши дел од Мисисипи