Постоперативната фаза од лекувањето на венецуелскиот претседател Уго Чавез заврши, изјави венецуелскиот потпретседател Николас Мадуро.
Тој истакна дека Чавез започнува нова фаза во своето лекување и увери оти пополека тој почнува да ја враќа силата.
Чавез е на лекување во Куба од 10 декември. Тој ја претрпе четвртата операција поради заболувањето од рак.
Мадуро појасни дека Чавез сега има средби со претседателот на венецуелскиот Парламент Диосдадо Кабејо и со министерот за одбрана Диего Молеро.