Можноста астероиди да удрат во Земјата, се три до десет пати поголеми, отколку што сметаат научниците, што значи дека галактичката катастрофа може да се „крие зад аголот“.
Агенцијата која што е посветена на заштита на планетата од астероиди, односно фондацијата Б612, објави резултати од најновото истражување, кои потврдуваат дека ударите од астероиди не се реткост, пишува „Тајм“.
Само во периодот од 2000 до 2013 година, дури 26 астероиди се судриле со планетава, а Б612 објави графичка анимација, на која се гледа каде завршиле.
Затоа од фондацијата веруваат дека астероидите со сила на атомска бомба, би можеле почесто да паѓаат на Земјата отколку што се верувало во минатото.
-Ударите на астероиди не се реткост. Тие дури три до десет пати се почести, отколку што мислевме – вели член на фондацијата Б612, Едвард Лу.
Е. Г.