Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Од:

Вистинската драма се одвивала денеска во средно училиште во Дрезден кога најверојатно еден од учениците, испуштил гас, сличен на солзавец, што довело до задушување кај децата.

Итната помош и пожарникарите добиле повик, а кога пристигнале на местото на настанот, во дворот имало повеќе од педесет деца. Сите кашлале, се гушеле, а очите речиси им биле крвави.

Повеќе од 30 ученици се пренесени во болница, а на останатите им била укажана помош на лице место.

„Го вклучивме алармот и подготвивме клиники во Дрезден и околината“, изјави портпаролот на противпожарната служба Мајкл Кларе за BILD.

Засега нема информации за сторителите.

Полицијата отвори истрага за нанесување тешки телесни повреди.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот