Ученици во Кенија убиле наставник откако им одзел мобилен

Од:

Тројца ученици во Кенија се уапсени под сомневање дека се поврзани со убиството на еден наставник, откако тој им конфискувал мобилен телефон.

Нападот врз Питер Омари, наставник по физика во средното училиште Хопевел во градот Накури, бил извршен вчера.

Заменик обвинителот Елим Џафи, соопштувајќи детали за случајот, рече дека Омари бил погоден во главата додека од училишниот комплекс заминувал кон својот дом.

Официјални лица за Би-Би-Си изјавија дека наставникот Омари бил задолжен за надзор за време на вечерната настава/

На учениците во многу училишта во Кенија им било забрането да користат мобилни телефони за време на наставата, бидејќи ги користеле за препишување на испитите и предизвикувале недисциплина за време на наставата.

Минатата година ученици во Кисиму во западна Кенија убија учител со меч, по жестока расправа во бар.

Во 2016 година, ученици во интернат во Кисиј го запалија студентскиот дом, бидејќи им било забрането да гледаат директен пренос од фудбалски натпревар од Европското првенство.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“