Ученичка од Англија го уби своето новороденче по „ненадејно и неочекувано“ породување во нејзината дневна соба додека нејзините родители биле дома, објави судот. Четири години подоцна, таа се најде на суд за убиство.
Парис Мајо имаше само 15 години кога уби штотуку родено машко бебе со набивање памучна волна во неговите дишни патишта. Неговото тело го стави во кеса за ѓубре и го замоли својот постар брат да го фрли следниот ден. Но, нејзината мајка го пронајде бебето и се јавила на полицијата.
Мајо, која сега има 19 години, сведочеше на суд дека го убила своето бебе ноќта на 23 март 2019 година.
Обвинителот Јонас Ханкин рече:
„Раѓањето се случи во дневната соба на семејниот дом каде што госпоѓицата Мајо живееше со нејзините родители и брат Џорџ. Таа беше сама и го роди бебето без помош, додека нејзиниот болен татко беше на дијализа. По породувањето, таа го удри бебето по глава и му нанесе тешка повреда на мозокот. Околу два часа подоцна, кога сфати дека бебето е сè уште живо, му стави памучни топчиња во устата. Таа го стави телото на бебето во кеса за ѓубре и го остави на прагот од домот пред да си легне“, рече обвинителот кој нагласи дека обдукцијата откри дека бебето се задушило откако парче памучна волна му го блокирало хранопроводникот.
Судот слушна дека Мајо им кажала на болничарите дека не знаела дека е бремена и дека бебето „испаднало од неа“.
Поротата слушнала дека Мајо подоцна навела дека татко на бебето е Бенџи Дејвис, но тоа се покажа како невистинито.
Нејзиниот брат тврди дека не знаел дека неговата сестра е бремена, но забележал дека таа станала поголема и почнала да носи широка облека.
Мајо, од Руардин, Глостершир, тврдеше дека бебето не се движело и не дишело по раѓањето и користела памук за да ги исчисти „материјалите“ што излегувале од неговата уста.
Судењето се очекува да трае шест недели.