Убиство би можело да биде причина за потонувањето на суперјахтата во Италија

Од:

Истрагата не исклучува дека убиството од небрежност е причина за потонувањето на суперјахтата во Италија, во која животот го загубија седум лица, меѓу кои и британскиот тајкун Мајк Линч, пренесува Sky News.

Обвинителот Амброџо Картосио рече дека „однесувањето кое не е совршено правилно“ можеби стои зад потонувањето на јахтата кај брегот на Сицилија.

Инспекторите ќе се фокусираат на безбедносните мерки и дали сите патници биле навремено предупредени за опасноста. Одговорноста може да лежи кај сите членови на екипажот, производителот или оние кои требало да ја надгледуваат јахтата.

Се разгледува и влијанието на екстремните временски услови кои ја погодија областа, додаде Картосио.

Пожарникарот Бентивољо Фиандра открил дека кога дошол итен повик во 4:38 часот на 19 август, јахтата веќе била потоната и била на десната страна на околу 50 метри под вода. Како резултат на тоа, оние кои загинаа „се обидувале да се сокријат во кабините на левата страна на јахтата“, рече тој. Друга опција е дека тие спиеле и не можеле да избегаат. Сите мртви се пронајдени, а сега ќе се врши обдукција на нивните тела.

Инспекторите планираат да ги извлечат остатоците од морското дно со цел да ги утврдат околностите под кои потона јахтата.

Британскиот технолошки тајкун Мајк Линч (59) е меѓу седумте погинати.

Останатите беа претседателот на Морган Стенли Џонатан Блумер, неговата сопруга Џуди, американскиот адвокат Крис Морвило, неговата сопруга Неда и готвачот на јахтата, Рекладо Томас.

Последно беше пронајдено телото на 18-годишната ќерка на Линч, Хана. Нејзината мајка и сопруга на Линч, Анџела Бакареш ја преживеа катастрофата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна покривот на трговски центар во Перу, меѓу загинатите и дете

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа