Во напад на плажа на Брегот на Слоновата коска 12 мртви

Од:

Најмалку 12 лица денеска се убиени, меѓу кои и четворица Европејци, во оружениот напад на плажа во летувалиштето во Гранд Басам на југот на Брегот на Слоновата коска.

Очевидци кои направиле видео снимки од нападот посочуваат дека на местото виделе тела на најмалку седум жртви.

obala-slonovace-teroristi-napad-1

– Видов седуммина мртви и тоа го снимив. Беа четворица напаѓачи. Јас пливав кога сето тоа почна и потоа побегнав, изјави Драман Кима за британските медиуми.

Си-Ен-Ен го пренесе соопштението на Владата на таа земја во кое се наведува дека вооружени напаѓачи отвориле оган на луѓето на плажата пред два хотели во летовачиштето Гранд Басам. Во соопштението се додава дека безбедносните сили одговориле на нападот.

Очевидци раскажуваат дека имало најмалку 13 напаѓачи, кои пристигнале со чамци, слегле на плажата извикале „Алах Акбар“ и отвориле оган кон посетителите.

Локалните медиуми соопштија дека петмина од напаѓачите се мртви, а по другите се уште се трага.

Би можело да ве интересира

Почина премиерот на Брегот на Слоновата Коска, му се слошило на седница

Ана Ололовска

Уганда: Запленети 750 парчиња слонови коски и илјадници лушпи од панголин

Наум Локоски

Постигнат договор помеѓу побунетите војници и Владата на Брегот на Слоновата Коска

Ана Ололовска

Брегот на Слоновата Коска ја затвори границата кон Гвинеја и кон Либерија

Ана Ололовска

Рекордна цена за слоновата коска

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: 60 загинати во стампедо

Ана Ололовска