Најмалку седум Палестинци се убиени синоќа во израелски воздушен напад во Џебел, во северниот дел на Појасот Газа, а други двајца во воздушен напад на југ во Деир ал Бала.
Претходно 17-годишно момче загина во воздушен напад врз градот Газа. Со тоа во петтиот ден од израелската воена кампања против палестинските ракетни напади од Појасот Газа, бројот на загинати достигна 113 лица.
Од вторникот околу 660 гранати и ракети се истрелани кон Израел од Појасот Газа. Вкупно 140 од нив се пресретнати од противвоздушниот систем „Железна купола“.
На израелска страна нема жртви, но десетина лица се повредени.