Убиени истражувачки новинар и неговата девојка во Словачка

Од:

Истражувачкиот новинар Јан Куциак и неговата девојка вчера биле најдени мртви во стан во градот Велка Мача, источно од Братислава, соопшти шефот на словачката полиција, Тибор Гашпар.

Како што пренесуваат домашните медиуми, полицијата влегла во станот, по повик на загрижен член од семејството. Според информациите, 27-годишниот Куциак, истражувал даночно затајување од страна на бизнисмени кои биле поврзани со владејачката партија во земјата.

Гашпар истакнал дека убиството најверојатно е поврзано со неговите истражувачки активности и додал дека во Словачка никогаш досега не се случил таков напад на новинари.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти