Во два одвоени напада во регионот Менака, во северниот дел на Мали, за кои постои сомневање дека ги извршиле џихадистите, убиени се 40 Туарези, изјави гувернерот на Менака, Дауда Маига.
Тој додаде дека нападите се случиле во четвртокот и петокот, во пустинските села Авакаш и Андеранбукан.
Меѓу убиените има млади момчиња, но и жени и деца.