Убиени 4 лица во престрелка во Либан, на границата со Сирија

Од:

Најмалку четири лица се убиени денеска во судири во либанскиот град Баалбек, откако вооружени мажи отворија оган врз контролен пункт на шиитската група Хезболах, објави телевизијата „Ал Арабија“.

Напаѓачите, најверојатно сунити што ја поддржуваат опозицијата во сириската граѓанска војна, отвориле оган врз контролниот пункт. Борците на Хезболах, кои го поддржуваат режимот во Дамаск, го возвратиле огнот. На двете страни загинале по две лица.

Баалбак се наоѓа во близина на границата со Сирија во Источен Либан, каде се наоѓа база на Хезболах.

Би можело да ве интересира

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан