Дваесет и шест полицајци се убиени во заседа во Кенија, додека гонеле крадци на стока, објави France presse.
Поради оддалеченоста на реонот каде се случил нападот, во пситинскиот дел на земјата, труповите се пронајдени после 24 часа.
Девет полицајци се пренесени во болница во Најроби.
Во тој предел нема инфраструктура и е населен со номади. Во кражби на стока и пресметки меѓу соперничките племиња секоја година гинат десетици луѓе, но ова е прв пат полицајци во толкав број да се жртви на насолство.