Според извештајот на властите од Габон, Светскиот фонд за диви животни и Друштвото за заштита на дивите животни, ловокрадците од истоимениот град убиле повеќе од 11 илјади слонови од 2004 година.
Во западноафриканската држава, во која што најголем дел од териоторија е прашума, живеат околу 100 илјади шумски слонови.
-Доколку ситуацијата не се промени веднаш, ќе се загрози иднината на Африка- изјави извршниот секретар од управата на националниот парк, за „Ројтерс“.
Побарувачката за ова животно во Азија значително порасна, бидејќи материјалот се користи за изработка на накит и уметнички предмети.
Ловокрадците имаат тајни места во џунглата, па лесно се кријат од чуварите на паркот.