Убиени 10 лица во престрелки меѓу вооружени групи во Мексико

Од:

Десет лица беа убиени вчера во борби меѓу вооружени групи во западната мексиканска држава Мичоакан, која е средиште на судири меѓу наркобанди.

Престрелките избувнале во две населби крај Апацинган, упориште на наркобанда, тврдат локални медиуми. Убиените биле членови на единици за самозаштита, создадени неодамна во реонот откако локалното население ја обвини државата и федералната полиција дека не го заштитуваат од криминалните групи.

Мичоакан е голем центар за производство на метамфетамини. Бандите водат меѓусебни борби во сиромашната држава, каде што се произведуваат наркотици во лаборатории, скриени на планините.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД