Убиен уште еден мексикански новинар, во најсмртоносната година за локалните медиуми

Од:

Мексиканскиот хонорарен новинар Педро пабло Камул е убиен од огнено оружје во државата Веракруз, на брегот на Персискиот Залив, во која оперираат неколку насилни нарко банди.

Со ова најново 18 убиство на новинар годинава, оваа 2023 година стана најкрвавата година за работниците од локалните медиуми во поновата историја на Мексико.

Камул работел како радиски репортер и водител во AX Noticias и Es Amor, а двата медиума во понеделникот го потврдија неговото убиство преку социјалните мрежи.

Локалниот медиум Латинус јави дека Камул бил застрелан додека возел такси и дека неговите напаѓачи веднаш побегнале.

Британските медиуми не можат уште да утврдат дали смртта на Камул е поврзана со неговата новинарска работа.

AX Noticias на Фејсбук побара официјална истрага и казнување на одговорните за овој „кукавички чин“.

Според организацијата за слободен говор „Член 19“ само во првите осум месеци од годинава документирала 18 убиства и 331 напад врз локални новинари во Мексико, со што 20223 година ја вброи меѓу најсмртоносните за медиумските работници во поновата историја на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден и неговиот мексикански колега Обрадор ветија дека ќе се справат со миграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бајден за прв пат ја посети границата со Мексико

Ана Ололовска

Возови се судрија во Мексико Сити, еден загинат

Ана Ололовска

Војната меѓу војската и картелите во Мексико

(ВИДЕО) Хаос во Мексико по апсењето на синот на „Ел Чапо“: Тројца мртви, нападнат аеродром

Најмалку 14 мртви во напад на затвор во Мексико