Убиен шефот на иранската нуклеарна програма

Од:

Началникот на иранската нуклеарна програма Мохсен Фахризаде е убиен во близина на Техеран. Тоа го објави иранската полуофицијална новинска агенција „Фарс“.

Нападот се случил во Абсард, источно од главниот град на Иран.

Државната телевизија Прес ТВ истакна дека првичните информации доаѓаат од „неофицијални извори“, но државната телевизија ИРИБ исто така јави за убиството. Други извештаи велат дека Фахризаде е ранет во нападот и хоспитализиран, а некои велат дека имало и други жртви.

Информацијата за убиството на првиот човек на нуклеарната програма попладнево ја потврди и Иранското Министерство за одбрана.

Иранската нуклеарна програма е контроверзна, а Западот, пред се САД и неговиот сојузник Израел, сметаат дека тоа е параван зад кој властите во земјата развиваат нуклеарно оружје. Вашингтон со години воведува санкции кон Техеран токму поради нуклеарната програма. Иранските власти тврдат дека земјата само работи на истражувања за искористувањето на нуклеарната енергија.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“