Убиен руски генерал во Украина?

Од:

Украински официјални лица од регионот на Дњепропетровска соопштија дека во борбите против проруските сили е убиен генерал Сергеј Андрејченко, лидер на руска тајна служба, што според нив е уште еден доказ за рускиот ангажман во украинските судири.

За сега Москва не ги потврди овие информации, а британските медиуми повикувајќи се на извори од Украина, наведуваат дека Андрејченко загинал при судир помеѓу припадници на руска тајна служба и украинска војска во Телманов, град во регион на Доњецка.

Исто така се наведува дека во судирите настрадал и еден војник од Чеченија, за што потврдил и командантот на баталјонот „Днипро 1“, Јуриј Береза.

-Ова не е изненадување, вакво нешто би се случило порано или подоцна со оние кои имаат желба да дојдат во нашата држава и да работат против неа. Ова е само една од многуте операции- рече Береза.

За сега не е познато како развојот на овој настан ќе се одрази на најавената средба на претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко, која што е закажана за петок.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на функционер во Русија, тројца мртви

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска