Пратеникот на владејачката партија во Венецуела, Роберт Сера е убиен во неговата куќа во Каракас, соопшти полицијата. Заедно со Сера, убиена е и неговата невенчана сопруга.
Полицијата започна истрага за двојното убиство, но засега нема никакви сознанија што би можело да биде мотив, како и тоа кој стои зад убиството.
Сера (27) беше пратеник на владејачката Социјалистичка партија на преседателот Николас Мадуро и беше познат по своите страствени говори и настапи во Парламентот.
Венецуелскиот министер за внатрешни работи Мигуел Родригез Торес ги повика членовите на партијата, младите активисти од сите партии,како и граѓаните на Венецуела, да останат мирни и да чекаат на разврската од истрагата.
Претседателот Мадуро на својата страница на Твитер,убиството на Сера го означи како „болен момент„ за партијата,поради загубата на,како што рече,најперспективните млади политичари.
Убиството на пратеникот Сера се случи само десет денови по соопштението на претседателот Мадуро дека се подготвува план за разоружување на цивилното население во земјата. Според податоците на Обединетите Нации,Венецуела е втората држава во светот по бројот на убиствата во невоени услови,по Хондурас кој е на првото место. Минатата година властите во Каракас донесоа закон против поседувањето огнено оружје,определувајќи затворски казни и до 20 години,но ефектот од таа мерка е многу мал.