Убиен Палестинец на границата со Газа

Од:

Израелски војници убиле Палестинец кој го сметале за закана за безбедноста, но подоцна било утврдено дека бил невооружен.

Човекот привлекол внимание на војници копајќи земја на страна на Појасот Газа зад утврдената гранична ограда каде вооружени Палестинци во минатото правеле заседи.

– Подоцна се качил на оградата носејќи предмет што војниците не можеле да јасно да го видат, изјави портпаролка на армијата.

Војниците пукале и го убиле, откако игнорирал нивни повици да се врати и истрели за предупредување. Портпаролката не даде други детали за предметот што го носел Палестинецот.

Кај него не било пронајдено никакво оружје, јавија западни медиуми повикувајќи се на воен извор.

Би можело да ве интересира

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас