Пакистанската војска денеска соопшти дека е убиен еден од најбараните терористи на листата на ФБИ, Аднан ел Шукриџухах. Овој член на Ал Каеда се смета за еден од „мозоците“ на операцијата за нападите на метрото во Њујорк во 2009 година.
Шукриџухах се смета за лидер на програмата надворешните операции на Ал Каеда и дека бил еден од организаторите на плановите за напади врз Западот. Во 2010 година, властите на Њујорк го обвинија за обучување двајца мажи да изврши самоубиствен напад во метрото на градот. ФБИ нудеше пет милиони долари во замена за информации за локацијата на која се крие терористот.
Аднан е роден во Саудиска Арабија, но како дете, се преселил во Америка и израснал на Флорида и во Њујорк. Во еден момент тој ја напуштил земјата и се приклучи на Ал Каеда, прво како мијач на садови, а потоа напредувал во еден од лидерите на терористичката организација.