Убиен активист кој трагаше по исчезнатите студенти во Мексико

Од:

Хуманитарен активист кој водеше кампања за откривање на вистината за исчезнатите студенти во Мексико и помагаше да се најдат нивните тела, е убиен од непознати сторители во близината на неговата куќа.

Мртвото тело на активистот Мигуел Анхел Хименез Бланко, е откриено во неговото такси, во мексиканскиот град Халтиануис, во сојузната држава Гуереро.

Убиениот Бланко бил припадник на хуманитарната, граѓанска организација која трагала по студентите и по сите други што полицијата ги смета за исчезнати, но за кои нивните блиски веруваат дека се убиени.

Тој им помагал на роднините на студентите, да ги најдат мртвите тела на своте блиски, по ридовите во околината на градот Игуала, каде тие последен пат се видени живи и каде се верува дека се убиени.

Вкупно 43 студенти кои се подготвуваа да бидат учители, исчезнаа на 26 септември минатата година.Тие допатувале со автобус во Игуала за да учествуваат во еден најавен граѓански протест.Биле уапсени од локалната полиција набргу по пристигнувањето и од тогаш им се губи секаков траг.

Мексиканските власти веруваат дека сите се убиени од некоја локална нарко банда, во договор и со соработка на „корумпираната власт во Игуала„.

Органзацијата во која членувал и дејствувал убиениот активист Бланко, е создадена во ноември минатата година, веднаш по бурните протести во мексиканската јавност за исчезнувањето на студентите и обвинувањата за поврзаноста на власта и организираниот криминал.

Од тогаш, оваа организација помогнала да се откријат телата на 129 убиени лица кои им биле предадени на властуте за идентификација.
Секоја година во Мексико се верува дека исчезнуваат по колу 20 илјади лица, но нивните блиски најчесто не го пријавуваат исчезнувањето, стравувајќи од одмазда.

Сојузната држава Гуереро е главниот илегален производител на опиум и важи за најнасилничката држава во Мексико.Голем број нарко банди дејствуваат на нејзината територија, кои ја имаат под контрола државата и локалните власти, за кои се верува дека се корумпирани.

Секојдневно во оваа сојузна држава се јавува за вооружени пресметки и за убиства.Само изминатиот викенд во Гуереро се регистрирани 15 убиени лица.

Би можело да ве интересира

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори

Две лица загинаа во судир меѓу полицијата и демонстрантите во немирите во Мексико

Градоначалник во Мексико e убиен после 15 дена откако беше избран