Убиецот од Аурора: Јас сум Џокер

Од:

Џејмс Холмс, кој уби 12, а рани речиси 60 посетители на премиерата на новиот филм за Бетмен, на сослушувањето, себеси се нарекува Џокер, противникот на Бетмен.

Според полициски инспектор, 24-годишниот Холмс, косата ја обоил во црвено и тврдел дека е Џокер.

Холмс влезе на полноќната премиера на новиот „Бетмен“, во петокот, облечен во црно и носејќи гас-маска. Најпрво внесе канистер од кои од кој излегуваше чад, а потоа почна да пука од огнено оружје.

Директорот на полиција во Аурора, изјави дека напаѓачот носел гас-маска, шлем и панцир отпорен на куршуми, кај себе имал полуавтоматска пушка, сачмарка и два пиштола.

По она што го имал со себе, може да се заклучи дека нападот бил детално планиран, велат од полицијата.

Холмс одбива соработка со полицијата и не сака да одговара на прашањата.

Единствено што и кажа на полицијата е дека дома оставил многу замки и експлозив, па затоа двоспратната зграда е евакуирана, а околу неа се распоредени припадници на специјалните единици.

Како што јавува „Njujork tajms“, се претпоставува дека се работи за хемиски експлозивни справи, распоредени во целиот стан.

Според проценките на FBI, ќе бидат потребни неколку часа, а можеби и денови, за да се деактивира просторот.

Инаку Холмс е уапсен веднаш по трагедијата која ја предизвика, на паркингот во близина на киното, и не давал при апсењето никаков отпор. Оружјето, кое го користел во нападот е легално купено последните два месеца, велат од федералната полиција.

Како што јавуваат медиумите, меѓу повредените е и шестмесечно бебе, кое е донесено поради гушење од чад во болница. Некои пишуваат дека меѓу жртвите има и 6 деца, а дека најстариот убиен има 31 година.

Многу од 59-те повредени, се уште се во критична состојба, па се стравува дека бројот на жртвите не е конечен. Според BBC, 11 луѓе се во критична состојба.

Полицијата не мисли дека масакрот е поврзан со некоја терористичка група.

„Јасно е дека ова е дело на пореметена личност“, изјави комесарот на њујоркшката полиција, Рејмонд Кели.

Други осомничени нема.

BBC јави дека се уште не се соопштени имињата на жртвите.

Холмс, минатата година бил примен на докторски студии по неврологија во Колорадо, но ги напуштил. Важел за самотник, што го потврди и неговата фамилија.

Неговата мајка изрази сочувство на семејствата на убиените и кратко изјави: „Го фативте виновникот”.

Според медиумите, Холмс, кој немал криминално досие, пред суд ќе се појави во понеделник.

Претседателот Обама ги повика американците да се молат за жртвите и за нивните семејства.

„Ова е ден за молитва“, рече Обама, и ја прекина претседателската кампања. Истото го стори и Мит Ромни, неговиот противкандидат.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски