Најомразениот белгиски злосторник побара слобода

Од:

Најомразениот белгиски злосторник, Марк Дутру побарал условно пуштање на слобода, и покрај тоа што можноста за ослободување е речиси неверојатна.

Дутру е осуден за грабнување, измачување и силување на шест девојчиња и убиство на четири од нив во 1990-те.

Според белгиските закони, затворениците може да бидат ослободени откако ќе отслужат третина од казната или, доколку се осудени на доживотен затвор како Дутру, по 15 отслужени години.

Грозоморноста на злосторствата на Дутру ја шокира Белгија и цела Европа, па затоа речиси и не постојат шанси неговото барање да биде одобрено.

Минатогодишната одлука, неговата поранешна сопруга и соучесничка во злосторствата, Мишел Мартен осудена на 30 години затвор, да биде пуштена на слобода по одлежани 16 години, предизвика жестоки протести во Белгија.

Затвореното сослушување на судот во Брисел, било одржано под вонредни безбедносни мерки во самата судница и околу судот, но и во голема тајност.

Одлуката на судијата ќе биде објавена на јавно рочиште на 18-ти февруари, а не е познато дали Дутру ќе присуствува.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски