Уапсено и петто лице за нападот во Стразбур

Од:

Француската полиција попладнево уапси уште едно лице во врска со нападот на божиќниот базар во Стразбур во вторникот вечерта, со што бројот на уапсени поради овој терористички чин се искачи на пет.

– Уапсеното лице не е од семејството на напаѓачот, кој е идентификуван како Шериф Шекат, на возраст од 29 години, соопшти француското Обвинителство.

Претходно, француската полиција ги уапси родителите на Шекат и неговите двајца браќа.

Француската полиција попладенво започна акција во стразбуршкиот кварт Нодорф, каде му се загуби трагата на Шекат по нападот. Во операцијата беа ангажирани припадници на специјалните сили на полицијата, а на улиците беа видливи голем број полициски возила, кои го блокираа сообраќајот.

Засега нема информации дали петиот упасен во врска со нападот е лишен од слобода за време на оваа полициска акција.

Германскиот весникот „Тагесшпигел“, пак, информира дека и Федералното обвинителство на Германија се вклучило во истражните дејствија во врска со нападот во Стразбур,

Според весникот, поднесена е пријава за сомнеж за убиство, обид за убиство и нанесување тешки телесни повреди. Една од причините за започнување истрага од страна на Обвинителството е тоа што шестмина германски државјани добиле психолошка траума, иако не биле повредени во нападот. Обвинителството нагласи дека главната истрага ја спроведуваат француските власти.

Во вторникот вечерта 29-годишниот Шериф Шекат отвори оган на божиќниот базар во Стразбур, при што уби три лица, а 13 беа повредени. Потрагата по напаѓачот се уште трае.

Вечерва во Стразбур се очекува да пристигне францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски