Уапсено едно лице кое подготвувало атентати во Париз

Од:

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев ја потврди информацијата објавена изутринава на радиото РТЛ, дека едно лице е уапсено минатата недела во Париз кое подготвувало атентати врз една или две цркви, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Според информациите, лицето било „опасен иламски радикал“ и тоа било уапсено во неделата на 19 април. Тој има 23 години и е со алжирско државјанство. Француската тајна полиција го следела и го имала класифицирано како лице опасно за безбедноста на државата.

РТЛ објави дека постојат сомневања дека убил професорка за фитнес од 32 години во Вилжуиф (парискиот регион) во неделата изутрината, Неговата ДНК била пронјадена на местото на убиството. Истражните органи сметаат дека сакал да и го украде автомобилот пред да ги изврши планираните атентати.

Тој бил уапсен случајно, околу 8 часот и 50 минути, откако брзата помош добива повик од едно лице во 13-от париски арондисман кое бара помош по физички напад. Имено едно лице стрелал врз неговите ноѕе со пиштол со оловно полнење пред да му ја украдат  чантата. Брзата помош стгнува набрзо и го префрла во болница, додкеа полицијата ја следи трагата од крв која води до автомобил во кој пронаѓаат жирофар (полициски син филџан) . Проверката на идентитетот на ранетиот предизвикува серија на аларми во полицијата и правосудството.

Истражните органи вршат претрес во автомобилот и во багажникот пронаоѓаат автоматска пушка од типот калашников, како и два автоматски пиштоли. Во неговиот дом се пронајдени уште три калашникови. Четри тактички елеци, други сгнални светла и ленти со знаци полиција. Лицето кое се наоѓа на болничко лекување е веднаш притворено.

Според РТЛ ова лице веќе се борело во Срија и планирало повторно да се врати, но полицијата е убедена дека тоа се подготвувало да изврши атентати на француската територија со помош на соучесници, за кои оружјето било наменето.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата