Уапсени припадници на нарко банда признаа масовно убиство во Мексико

Од:

Тројца припадници на нарко банда уапсени за време на истрага за исчезнувањето на 43 студенти од мексиканскиот град Игуала, признаа дека убиле голема група луѓе, соопшти државниот обвинител Хесус Муриљо.

Тој рече дека тројцата уапсени признале дека запалиле група луѓе и тоа додека некои од нив уште биле живи во депонија близу Игуала во државата Гереро каде студентите исчезнаа на 26 септември по судири со полицијата.

За време на истрагата за случајот на исчезнувањето на студентите уапсени се десетици полицајци како и градоначалникот Игуала и неговата сопруга кои беа во бегство и кои најверојатно се главни планери за исчезнувањето на студентите.

Властите во Мексико се уште чекаат ДНК извештај од форензичари заради утврдување на идентитетот на убиената група луѓе.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД