Уапсени Британци кои вршеле истрага за условите за работа на странци во Катар

Од:

Властите во Катар потврдија дека уапсиле двајца Британци кои дошле во државата да истражат услови за работа на странци на градилишта отворени за СП во фудбал во 2022 година.

Претставниците на невладината организација Глобална мрежа за права и развој, Кришна Упадаја и Гимир Гундев биле уапсени во Доха каде вршеле анализи на условите за работа на странци по ветувањата на Катар дека ќе спроведе реформи.

Откако во 2010 година Катар е избран за домаќин на Мундијалот во 2022 година, таа држава е под остри критики на организации за заштита на човекови права и синдикати кои осудуваат лоши услови за работа на странци на градилишта.

Катар во голема мерка ангажира работници од јужна Азија за изградба на објекти за Мундијалот.

Групи за заштита на граѓани се жалеа за условите на сезонските работници во таа држава, а во крајот на летото во 2013 година беше објавена непотврдена вест дека голем број Непалци ги загубиле животите заради горештините и несоодветните услови за работа за време на изградба на одделни стадиони.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Катар им го предаде на Хамас и на Израел конечниот „нацрт“ договор за примирје во Газа

Катерина Ѓуровски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја