Уапсена поради графити таг на слика од 1830-та година

Од:

Француската полиција уапси 28 годишна жена, обвинета за обезличување на познатата слика на Делакроа, „Слободата го води народот“, поставена во ново отворениот музејот Лувр Ленс.

Таа е приведена откако е видена како шкрта графити таг, долг 30 сантиметри, на дното на сликата која е ремек дело од романтизмот, насликана во 1930 година во чест на француската револуција.

Од музејот велат дека лесно може да се тргне тагот, но сепак сликата треба да биде прегледана и од реставратор. Сеуште не е донесена одлука дали да ја тргнат сликата, пишува Франс 3.
Француските медиуми ги цитираа неименувани правни извори кои велат дека графитот е поврзан со теоријата за заговор 9/11.

Локалниот обвинител, Филип Пироу за новинарската агенција Еј-Еф-Пи изјави дека притворената изглеа „нестабилно“ и побара писихијатриски преглед.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано