Уапсен уште еден осомничен за убиството на холандскиот новинар Де Врис

Од:

Уапсен е уште едно осомничено лице за убиството на холандскиот репортер Питер Р. де Врис, со што вкупниот број на осомничени се зголеми на шест, се наведува во соопштението на холандското обвинителство.

Британските медиуми наведуваат дека полицијата и обвинителството веруваат дека уапсениот бил дел од криминална организација која извршувала убиства за пари.

Осомничениот (27) е уапсен во градот Хелмонд, но неговото име не се соопштува.

Обвинителите соопштија дека веруваат дека неговата вмешаност во убиството на Де Вриј е „индиректна“.

Британските медиуми потсетуваат дека Де Врис, славна личност чие доследно известување помогнало да се решат големите национални и меѓународни криминални случаи, бил застрелан во 2021 година, на фрекфентна улица во Амстердам, што предизвика национален излив на тага.

Државното обвинителство сè уште истражува и за други инволвирани во убиството, вклучувајќи го и нарачателот или нарачателите.

Пресудата на судењето на двајцата уапсени непосредно по убиството беше одложена на 11 јули, откако судиите наредија повторно отворање на случајот по апсењето на дополнителните осомничени.

На 4 јули полицијата уапси еден Полјак за кој се верува дека помогнал во организирањето на убиството во Холандија, а еден ден подоцна и еден осомничен во Шпанија, како и уште еден на карипскиот остров Курасао.

Сите шестмина осомничени се во притвор, а обвинителите побараа доживотни затворски казни за едниот за кој се смета дека е егзекуторот и за вториот кој го возел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи