Новозеландската полиција уапси поранешен припадник на редот на Католичките браќа и осудуван педофил, откако австралиските власти поднеле против него нови 252 обвиненија.
Полицијата наведе дека го уапсила Бернард Кевин Мекгрет (65) во петокот во Крајстчрч, откако се вратил на Нов Зеланд од Шри Ланка. Мекгрет денеска е пуштен од притвор со кауција
Полицијата во Нов Јужен Велс соопшти дека истражува голем број наводи на поранешни ученици за сексуални напади во католичкото училиште за момчиња, „Киндал Грејнџ“ во градот Морисет, околу 100 километри јужно од Сиднеј.
Мекгрет порано бил осудуван на затворска казна заради сексуално злоупотребување на момчиња во Крајстчрч во 70-тите години од минатиот век.