Уапсен Србин со 950 килограми хероин на јахта во Шпанија

Од:

Шпанските власти запленија околу 950 кокаин на една јахта во близина на Канарските Острови, при што биле уапсени тројцата членови од екипажот на бродот – двајца Украинци и еден Србин, соопшти денеска шпанското Министерство за внатрешни работи.

Чамецот на шпанската царинска управа вчера ја пресретнал јахтата „Либерти бел“ на оклу 200 наутички миљи (370 километри) јужно од шпанскиот остров Гран Канарија.

Царинските службеници и полицајци во внатрешноста на јахтата го откриле кокаинот, кој бил веднаш заплент и транспортиран во пристаништето „Лас Палмс“.

– Фактот што екипажот на јахтата бил составена од двајца Украинци и еден Србин, повторно го потврдува фактот дека организирани криминални групи се вмешани во транспортот на кокаинот од јужна Америка во Европа, соопшти шпанското Министерство.

Шпанската полиција минатата недела, исто така, во близина на Канарските Острови, запленила речиси 600 килограми кокаин на една едрилица која била регистрирана во Чешка. При тоа биле уапсени четворицата членови на екипажот, кои биле државјани на Чешка.

Шпанските власти лани запленија околу 27 тони кокаин или 28,6 проценти повеќе во однос на 2012 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Криминална банда се занимавала со проституција и продажба на дрога, обвинет е и полицаец

Горан Наумовски

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

Во тоалетите на финскиот парламент пронајдени траги од дрога

А1он

Дилер сакајќи да се спаси од полицијата фрлил дрога низ прозор

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации