Дилер сакајќи да се спаси од полицијата фрлил дрога низ прозор

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица за кого постои основано сомнение дека сторил неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

„Осомничениот, на 30 декември, во својот автомобил држел пакувања со вкупно 50,13 грама наркотична дрога марихуана. Кога полициски службеници во Тетово го запреле за проверка, тој дел од дрогата фрлил преку прозорецот на автомобилот, а едно пакување му било пронајдено во неговата патика. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена“, извести Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски